28 годишна девојка од Македонија хоспитализирана откако се вакцинирала со АстраЗенека во Србија

Жена на возраст од 28 години од Македонија е хоспитализирана, откако се вакцинирала со вакцината АстраЗенека во Србија.

Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека немало претходни заболувања кај жената, а проблемите се појавиле после шест до седум дена од нејзиното вакцинирање.

Информациите за АстраЗенека како став на Германија и Канада со оглед на тоа што имаше некои пријавени случаи на тромбоза, ние одлучивме да бидеме внимателни и да одиме полека но сигурно, ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна. Сакаме да бидеме претпазливи, имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност и директно до германското Министерство за здравство.

Станува збор за тромботична реакција од АстраЗенека кај помлади луѓе, после што се ствараат згрутчоци на крвта. Станува збор за мал број случаи, но иако се ретки сакаме да бидеме многу претпазливи.

Имајќи предвид дека еден дел од граѓаните се вакцинираше во Србија, засега нема никакви препораки дека нешто превенбивно треба да се прави, сепак станува збор за многу ретки случаи.

Loading...

Сите граѓани кои што се вакцинирани ќе бидат ревакцинирани.

Ќе продолжиме со вакцинацијата, ќе започнеме со оние други категории на граѓани тогаш кога ќе бидеме сигурни дека вакцината со оваа вакцина е безбедна.

Кај нас има регистриран досега еден случај на девојка која што има 28 години и од вчера е на болничко лекување кој што се поврзува со вакцината АстраЗенека. Некаде 6-7 дена после вакцинацијата во Србија.

Ќе бидеме внимателни, искрено верувам дека ќе се потврди дека бенефитот од вакцината е поголем, од ризиокот да се доби компликација. Нема да избрзаме, ги чекаме сите препораки од официјалните институции“, кажа Филипче.

Loading...