8 реченици кои укажуваат дека мажот сака да се разведе – Ако ја изговори четвртата знајте дека е готово!

Секоја млада девојка кога ќе реши дека ќе го помине остатокот од својот живот со нејзиниот избраник, застанува пред матичарот полна со надеж и желба за среќен и успешен брак кој ќе трае додека смртта не ги раздели. Но доколку повторно ја запрашате истата девојка,дали повторно би се омажила за својот избраник, одговорот на секоја шеста девојка е НЕ.

Кризата помеѓу две лица во брак неизбежно влијае на семејството, особено на децата. Сепак, повеќето конфликти меѓу партнерите може да се спречат, бидејќи тие главно се предизвикани од несоодветна комуникација помеѓу нив, а не од некои подлабоки суштински причини.

Во прилог Ви претставуваме 8 вообичаени причини за недоразбирање и конфликти меѓу сопружниците, како и начини за нивно спречување и спасување на бракот:

1. Избегнување на комуникација

Во брак кој е пред развод, често се слуша реченицата: „Не сакам да зборувам за тоа“. Секое избегнување на комуникација за проблеми кои се наталожуваат доведува до уште подлабока криза.

Loading...

2. Занемарување на чувствата на вашиот партнер

Во лош и нефункционален брак, партнерите разменуваат само прекори и незадоволство наместо чувства и нежности. Во успешните бракови, партнерите изразуваат љубов, внимание и грижа без воздржаност, но исто така се подготвени да се справат со незадоволството на партнерите.

3. Фокусирање на недостатоците на партнерот

Во брак кој е пред развод, партнерите гледаат само меѓусебни недостатоци, дури и таму каде што ги нема. Сепак, за брак, потребно е да се погледне партнерот како целина, да се видат кои се неговите доблести и да се помират со недостатоците и да ги прифатат.

4. Мерење на учеството на партнерот

Во лош брак, луѓето пресметуваат, ги мерат постапките на секој партнер и возвраќаат само толку или даваат уште помалку. Во успешните бракови, партнерите се обидуваат да учествуваат подеднакво во сè и да го дадат својот максимум.

5. Живеење на животот на Вашиот партнер, занемерувајќи го Вашиот живот!

Реченицата „Одам со тебе каде и да одиш“ е сигурен начин за развод. Ова покажува или дека немате свое јас и свој живот или дека не му верувате на вашиот партнер. Во успешен брак, двајцата партнери знаат дека треба да имаат свој личен живот и да ги почитуваат потребите и желбите на другата страна.

6. Избегнување на решавање на проблемите

За успешен брак, треба да работите заедно за да го решите проблемот. Клучната реченица е: „Сакам да го решам ова и ќе можеме заедно да ги надминеме сите проблеми“.

7. Критикување на Вашите партнери

Ако постојано го критикувате вашиот партнер како личност, тоа ќе остави трајни последици на бракот. Подобро кажете: “Не ми се допадна твојата постапка“ одколку, “Ти си лоша личност“.

8. Преголема контрола на партнерот

Во добар брак, и двете страни имаат доверба еден во друг и не бараат извештаи за движењата на саканата личност.

Loading...