Ако го видите ова вечерва може да добиете богатство

Утре е големиот празник Благоец, денот кога според верувањата змиите се будат. Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април. Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи.

Нема попрецизни податоци од кога се празнува овој празник. Се знае сигурно дека се празнувал во 7 век, но некои сведоштва укажуваат дека тој се празнувал и неколку векови порано.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

За кукавицата се вели дека и таа радувајќи се на овој благословен ден отворала уста и кукала но никогаш не кукала пред Благовец како што пупал пупунецот.

На овој ден се до Велики Петок се смета дека е добро да се започне нова работа.

Loading...

Се носат и важни животни одлуки.

Но сепак, најинтересното верување за Благоец е дека ако ноќта спроти празникот се појави оган, се смета дека на тоа место има скриено богатство.

Loading...