Астролозите јасни: Овој знак е најдобриот во Зодијакот

Секогаш со почит кон другите, ведра, насмеана и културна, тоа е Девицата.

Се идентификува со болката и проблемите на луѓето, знае да помогне и да сочувствува, секогаш е внимателна и љубезна.

Често знаат да се налутат но не сакаат конфликти.

Девицата, шестиот знак во хороскопот, е земјен знак, a родените во овој знак се многу нежни и тивки лица, кои сакаат ја сакаат природата, и тоа најмногу мали и нежни животни и растенија. Девиците многу внимание обрнуваат на детали, што ги прави вешти и талентирани за рачна изработка која бара дисциплина, внимание и ефикасност. Тие вредно работат во креирање на нешта кои се убави и корисни истовремено.

Лицата родени во знакот на девица се среќни кога го поминуваат времето сами, се додека знаат дека се ценети и им се потребни на другите луѓе. Девицата, повеќе од било кој друг знак, е родена за да служи и тоа и дава голема радост. Таа е секогаш спремна да им помогне на другите и сочувствува со нивните проблеми. Девиците знаат да бидат доста срамежливи и чувствителни, но и покрај тоа тие се дарежливи со својата љубов и своите таленти.

Во работата се ефикасни и прецизни, што ги прави добри во својата одбрана област и им дава предност на работното место. Тие секогаш ја завршуваат работата на време и без пропусти, а нивните процени се фер и избалансирани. Оние родени под овој знак вешто ја користат својата ментална перцепција и се вешти во комуникација со околината.

Девиците уживаат во анализање на нештата во секој сегмент од животот. Нивната интелигенција и аналитичко размислување може да направи да бидат склони кон скептицизам, а постои и можност со ваквото постојано обмислување или „премногу мислење” да се насочат кон слеп правец.