
Естрадата и блиски пријатели денес на социјалните мрежи во неверување се простуваат со музичарот Денис Демиров од Скопје.
Тој долги години наназад беше гитарист во групата „Газоза бенд” а починал утринава, на свои 38 години.
Веста за неговата смрт ја потврдил и неговиот колега Џамбо Агушев, кој изјавил дека според првичните информации кои ги добил, Демиров починал дома, во сон. Имал проблеми со шеќерот и висок крвен притисок.
– Многу жално, Денис над 20 години беше дел од естрадата. Сите сме затекнати, млад човек, изјавил Агушев, пренесува Фокус.
Денис бил истакнат млад гитарист кој уживал создавајќи музика, а бројни негови колегите и пријатели во неверување се простуваат со музичарот.
Поради неговата прерана смрт, по повод 8-ми Април, Светскиот ден на Ромите, од тимот на Рома Прес информираат дека сите денешни активности, емисии во живо, теренски известувања и планирани дебатни трибини поврзани со одбележувањето на Денот на Ромите ќе бидат одложени за утре.
Извор: ФОКУС