Била потполно здрава пред да се зарази со коронавирусот: Почина 29-годишна родилка во Србија

Во Србија родилката со ковид 19, Д. Т. (29), која беше поврзана со апарати за дишење поради сериозна состојба и итно беше породена со царски рез во деветтиот месец од бременоста, почина во неделата вечер во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“.

Пет дена пораѓањето, имаше сериозни компликации во работата на белите дробови и срцето. За жал, коронавирусот предизвика фатални последици кај младата девојка која беше целосно здрава пред инфекцијата.

Лекарите велат дека се бореле дење и ноќе за животот на младата мајка.

– Девојката беше дпородена минатата среда во многу сериозна состојба. Беше ставена на респиратор и за среќа породувањето помина добро. Бебето е стабилно и моментално се наоѓа на Институтот за неонатологија, но нејзината состојба сè уште била критична и тимот на лекари се обидувал да ја спаси со денови. На петтиот ден по породувањето, нејзината здравствена состојба драстично се влоши. Имаше пад на сатурацијата, односно нивото на кислород, но и зголемување на јаглерод диоксидот, што ја отежнуваше работата на белите дробови. Виталните функции почнаа да ослабуваат. Прво откажаа белите дробови, а потоа и срцето. И покрај напорот и работата на целиот тим, таа почина во неделата навечер – вели извор запознаен со случајот.

Тој додава дека во деветтиот месец од бременоста, Д.Т. била примена во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ во многу сериозна состојба поради инфекција со коронавирус. По неколку дена, нејзината клиничка слика се влошила и респираторот бил единствениот спас, но за жал на крајот таа сепак не издржала.

Loading...

За потсетување во текот на вчерашниот ден во Србија беа направени 18.233, оа кои позитивни биле 4.398, додека пак за жал починале 40 лица од коронавирусот.

Loading...