Брачен пар од Скопје даруваа крвна плазма: Не е лесно да се бориш против корона вирусот, затоа треба да се помогне

Брачен пар од Скопје кои оздравеа од корона вирусот даруваа крвна плазма за да им помогнат на други лица да оздрават, пишува „Вечер“.

Тие се ставени на список и чекаат од Институтот за трансфузиологија да ги повикаат и да даруваат крвна плазма.

-За да можеш да даруваш крвна плазма треба да се поминати 21 ден од последните симптоми, но и да имаш три негативни теста на Ковид-19. Првите два теста се потврда дека сте оздравени, а третиот е пред да може да дарувате плаза.

Се прават и други дополнителни анализи, особено за жените што се мајки, вели за „Вечер“ наша сограѓанка, која што потенцира дека не е лесно да се бориш со овој вирус и токму од тие причини смета дека треба да се биде хуман и да се помогне на оние наши сограѓани кои сега се болни и им е потребно помош.

Таа вели дека на сите им посакува што побрзо да оздрават и дека ќе ѝ биде мило ако таа и нејзиниот сопруг придонесат за тоа. Скопјанката ги охрабрува и другите да се пријават во Институтот и да бидат хумани и да спасат живот.

Loading...

Во Институтот за трансфузиска медицина досега на нивнaта меил адреса пристигнале голем број пријави, но не секој излекуван може да биде дарител.

-Досега преку електронската апликација на веб-страницата на Институтот за трансфузиска медицина се пријавиле 28 лица да донираат плазма, но по извршените анализи е согледано дека само шест од нив можат тоа да го сторат, вели директорот на Институтот, Садула Усеини.

Вчера, министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш ги повика граѓаните кои го прележале вирусот да даруваат крвна плазма.

Loading...