Брат Љубе: Во тоа младо девојче тогаш не ја препознав жената на својот живот

Љубе Бошкоски, познат и како Брат Љубе е еден од најконтроверзните македонски политичари, кој поради својот нескротлив дух, доживеа и преживеа низа перипетии. Кулминација беше неговиот престој во Хаг, но и долгогодишниот престој во Идризово.

Љубе Бошкоски доживеа партијата во која израсна и за која многу даде, да му го сврти грбот и да му смести дело, поради кое тој помина цели пет години во изолација.

Но Бошкоски никогаш не падна со духот и по излегувањето од КПД, продолжи со своите партиски активности во Обединети за Македонија, а во последните три години беше и советник во владата за привлекување на странски инвестиции.

Пред повеќе од еден месец, Бошкоски објави дека е позитивен на Ковид, но дека е со полесни симптоми и карантинот ќе го помине во родниот Челопек, каде ќе прави ајвар и зимница. Но по само неколку денови, се рашири вест дека Љубе е во болница. Тој тоа го потврди на својот профил на социјалните мрежи:

Почитувани членови и симпатизери на Обединети за Македонија, почитувана јавност. Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите.

Loading...

Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично.

Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене. Чувајте се, напиша тогаш Бошкоски. Тој во меѓувреме не објави во каква состојба е, но со оглед дека вирусот трае од една до две недели, се надеваме дека неговото здравје е сега во ред.

Љубе Бошкоски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1985 година. По дипломирањето работел како приправник во суд, а потоа како правник на Фондот за здравствено осигурување во Ровињ – Хрватска.

Токму таму, на Бале во Хрватска, тој со неговата сопруга Виолета, поседуваат имот, угостителски објект, за кој оние што биле, велат дека работи по светски стандарди.

А кога сме веќе кај неговата сопруга, Виолета и Љубе Бошкоски се запознале во Скопје каде што тој студирал и каде што живееле и се школувале неговите сестри.

Виолета живеела во соседството на неговата најстара сестра и токму таа посредувала во нивното запознавање. Љубе бил втора година на Правниот факултет, а таа имала само 17 години.

Нивната средба, дефинитивно, била љубов на прв поглед, иако тогаш, како што во една прилика изјави познатиот политичар, во тоа сè уште мало девојче не ја препознал веднаш жената на својот живот.

–Но девојчето беше навистина храбро и со оглед на тоа што во тоа време, како млад студент, јас не можев да бидам само со една девојка, сето тоа го издржа и стана моја жена.

Затоа им велев на синовите дека само девојка која може да ве издржи во младоста, заслужува да биде ваша жена – изјави Бошкоски пред неколку години за „1Е Магазин“.

Loading...