Д-р Јанковиќ открива: Еве зошто сега и млади умираат од корона!

Имунологот д-р Срѓа Јанковиќ, член на Кризниот штаб на српската влада, зборувајќи за битката со коронавирусот објасни која е причината што сѐ повеќе жрвти на Ковид-19 има и меѓу младите.

Тој појасни дека постои ризичен фактор на кој тие можат да бидат изложени, а за кој не се воопшто свесни.

Докажаниот имунолог вели дека во најголемиот број случаи смртноста на младите лица е поврзана со некои претходни заболувања кои веќе го нарушиле имунолошкиот систем на пациентот што е, како што вели тој, плодно тло за короната да се разгори во организмот. Сепак, тоа не е исклучително правило, а тоа се потврдува и со зголемувањето на смртноста кај помладата популација.

– Не мора ништо да значи. Лица кои имаат хронични заболувања секако се поизложени на ризик, но постои и онаа невидлива предиспозиција. Некој едноставно може да има таков генетски состав, таков организам кој има одредена слаба точка и додека истата не биде нападната, личноста да не знае ниту дека ја има.

Тоа е оној феномен на Ахилова пета. Ние не го познаваме својот имунолошки систем и дали постои некоја послаба алка во истиот, но кај одредена група на луѓе сигурно дека ја има – објаснува д-р Јанковиќ.

Loading...

Имунологот д-р Срѓа Јанковиќ објасни во кој момент PCR тестот за корона вирус може да покаже дека е негативен.

„Секако, тестот првенствено зависи од самиот примерок, односно ако вирусот е присутен во белите дробови, но веќе го напуштил горниот респираторен тракт, од каде се зема брисот, тестот тогаш ќе биде негативен, и тоа се случувало“ – вели тој во изјава за „Пинк“ .

Како што вели др. Јанковиќ, секогаш постои можност тестот да не успее, но тој е мал. Кога вирусот е во примерокот, тогаш тестот PCR најчесто го открива.

„Исто така, тестот кај луѓе кои сè уште немаат симптоми и се заразени може да биде негативен пред да се размножи вирусот доволно на почетокот на инкубацијата и може да биде лажно негативен на крајот на болеста, кога вирусот е сеуште во телото, но во мали количини“

Д-р Јанковиќ исто така додаде дека серолошките тестови со кои се откриваат антитела по заздравувањето, односно класи на ИГМ и ИГГ, исто така, можат да го промашат, но многу ретко.

„Овој тест, се разбира, има свои граници на сигурност, т.е. чувствителност и специфичност кои зависат од методот и, генерално, тој е 80 до 90 проценти сигурен. Во брзите тестови за корона вирус, веродостојноста е нешто пониска“ – заклучи тој во разговорот.

Loading...