Дали снегот и студот во Македонија ќе го убијат коронавирусот: Експертите откриваат!

Вирусот се прошири низ цела планета, независно од климатската зона

Ненадејните и нагли промени на температураат не’ изненадија и многумина од нас се прашуваат дали заладувањето или високите температури влијаат врз коронавирусот.

Дали врз него ќе влијае снегот што падна во Македонија?

Некои вируси се директно загрозени од студеното време. Имаат опсег на температура на која можат да опстанат, која зависи од нивната обвивка, односно слојот на липиди кој го опкружува вирусот. Токму поради овој слој важно е да се мијат рацете со сапун, бидејќи тој ја разложува масната супстанција.

Кога температурата нагло ќе падне, тоа го менува и однесувањето на човечката популација. Ова има двојно дејство – помалку ќе излегуваме и помалку ќе бидеме во контакт со луѓето надвор, но ќе бидеме во поголем контакт со оние со кои живееме.

Loading...

Австралијците неодамна се понадеваа дека зимата што доаѓа ќе ја убие короната, но нивните експерти објаснија дека не е така.

„Истражувањата за коронавирусот и понатаму траат, но мора да забележиме дека тој се прошири низ цела планета, без оглед на тоа во која климатска зона се наоѓа. Тоа сугерира дека вирусот не е толку подложен на промените на температурите“, рекол пулмологот Том Коцимбос од Мелбурн.

Вирусите во многу топли или многу ладни земји ги донеле луѓето што допатувале од жариштето, па многу зависи и од имунолошката слика на жителите, додала докторката Мери Шил од Националниот институт за јавно здравје и епидемологија во Австралија.

„Се’ уште не знаеме доволно за овој вирус за да знаеме дали реагира на временски услови. Но постојат индикации дека пресудно е каков имунитет имаат жителите на некои земји во кои вирусот владее, а не тоа во какви временски услови живеат“, навела таа за „Гардијан“.

loading...

Кинеските експерти го изнеле своето мислење дека епидемијата ќе биде стабилизирана за 29 дена.

Loading...