Дарко Лазиќ e лут на поранешната сопруга Ана Севиќ: Збеснал поради оваа нејзина постапка!

Пејачот Дарко Лазиќ ја обвинува својата поранешна сопруга, пејачката Ана Севиќ, што не ја видел ќерка си Лорена веќе два месеци.

Не сум ја видел цели два месеци. Јас не би зборувал многу за тоа, затоа што на крајот, излегува дека дека сум лошиот. Но, мислам дека луѓето гледаат каде е проблемот. Ана ја однесе Лорена на море и не ја враќа, вели пејачот.

Дарко исто така посочува дека и дал дозвола на Ана да ја однесе ќерката во Црна Гора на одмор, но, таа не го почитувала договорот.

Да, но таа не го почитуваше договорот. Требаше помалку време да остане, а не два месеци. Јас нема да направам сцени за тоа. Верувам дека сè ќе дојде на свое на крајот. Сега сè ми е свежо – и разводот и гневот, сеедно.

За две, три години, Ана, нејзиното момче, Марина и јас ќе седнеме и заедно ќе пиеме кафе. Нормално е тензијата, тврдоглавоста и суетата да бидат присутни на почетокот, истакнува Дарко, а на прашањето дали проверува како момчето на Ана, Даниел, се однесува кон Лорена, одговара:

Најдобро е тој да биде фин со неа. За сега е така, мислам дека сè е супер. Се додека тој е љубезен со моето дете, и јас ќе бидам и со него, завршува Лазиќ.