Денеска е голем христијански празник: Кажете ја оваа молитва за здравје

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 мај. Денеска е Св. апостол Симон Зилот.

Еден од дванаесетте Апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител.

Денеска се кажува оваа молитва: „Апостоле Свети Симоне, помоли му се на Милостивиот Бог, прошка на нашите души да им дари“.