Доктор Габриела Копачева: Лута сум, докторка што работи во Ковид да го праќа мажот во Србија на вакцинација

Доктор Габриела Копачева Барсова упати силна критика до Владата, нарекувајќи ги парадери и голема благодарност до Србија за вакцините за македонските граѓани.

Србијо фала! Денес маж ми и други ги вакциниравте со најголема љубезност и срдечност. Сите имаа коморбидитети…чекајќи ги нашите ПАРАДЕРИ…со бедни 26000 вакцини.

Тоа едно тафталиџе не може да го покрие…прв пат реагирам…ама лута сум…докторка што работи во Ковид да го праќа мажот во Србија да помогнат…имате ли образ…ако сакате дадете ми отказ… веќе од ништо не ми е страв…. Срам да ви е…., напиша Копачева-Барсова.

Loading...