Докторите од Вухан: Постојат 2 начина да направите разлика меѓу грип и коронавирус!

Оние што се настинати лесно можат да помислат дека имаат коронавирус, но еве како да ги разликувате симптомите

Научниците од болницата Жонгнан на Универзитетот Вухан во Кина, неуморно ги проучувале симптомите на КОВИД-19. Откриле како коронавирусот се однесува од ден во ден и нашле разлики меѓу него и грипот.

Специјалисти од Вухан проучувале 138 пациенти и текот на болеста го поделиле во специфични периоди.

Прво, научниците идентификувале 2 фази на болеста: најчестите симптоми првиот ден се треска, а високата температура е забележана кај 99% од заразените луѓе. Но вториот ден, човекот чувствува силен замор, сува кашлица и болка во мускулите. Во некои случаи, на горенаведените симптоми може да им се додаде и мачнина и дијареја.

Првата фаза завршува на седмиот ден. Кај 85% од заразените, симптомите се ублажуваат, следниот ден можат да се вратат на работа, нормално, ако работат од дома и не контактираат со други луѓе, додаваат експертите.

Loading...

Но ако до седмиот ден сте имале проблеми со дишењето, тогаш почнала втората фаза. Таа трае уште две недели, но за среќа, се јавува само кај 15% од заразените.

Во овој момент не би требало да паничите, туку да се јавите во болница, бидејќи на пациентот може да му треба хоспитализација.

Смртта од коронавирус, нагласуваат истражувачите, се случува околу 17-тиот ден. До 21-иот ден завршува вториот стадиум на болеста и пациентите што го победиле веќе можат полека да им се враќаат на своите вообичаени навики.

Дознајте нешто повеќе и за овие симптоми на коронавирус и прочитајте како да го разликувате од обичниот грип.

loading...
Loading...