ДОСТА ПОЛИТИКА: Ајде сите во новиот забавен парк со адреналински атракции

Скопје доби нов забавен адреналински парк „Мега“, што е лоциран веднаш до СЦ „Борис Трајковски“.

Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити.

Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17:00-00:00, во петок до 01:00, сабота и недела од 10:00-01:00 часот.

Главни атракции во „Мега“ се Камикази, Кулата висока над 100 метри, Летечкиот килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, Куќа на стравот и Поп Старс – возења какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.