Душко Тошиќ раскажа се’ за сагата низ која поминал во Кина – Некако успеав да го фатам последниот лет

Фудбалерот Душко Тошиќ раскажува дека поминал низ драма кога си заминувал од Кина во периодот кога почнала да се шири коронавирусот.

Тошиќ за турскиот портал „Фанатик“ откри како ја напуштил Кина.

Знаевме за коронавирус, моравме да бидеме внимателни. Сепак, после тренингот ми се приближи тренерот и ми кажа: „Кога ќе завршите веднаш да се вратите дома и не се задржувајте“. Во тој момент започнаа да се откажуваат летовите од Кина, но некако успеав да го најдам последниот лет, вели фудбалерот.

Тој објаснува дека убаво го памети патот кон аеродром.

Тоа што го видов беше неверојатно. Како да беше крај на светот. Ни тогаш не чувствував страв. Навивачите на Бекшиташ ме нарекуваа „тенк“, а тенкот не се плаши од ништо. Се трудев да останам смирен“, рекол Тошиќ.

Loading...

Тој пристигнал во Истанбул, а отаму заминал во својот дом во Белград каде што бил во изолација еден месец.

За потсетување, неодамна во медиумите се појавија гласини дека Карлеуша го пријавила Душко за физичко насилство, но таа ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека полицијата го набљудува домот затоа што проверува дали фудбалерот ги почитува правилата за изолација.

Loading...