Филипче: Се подготвуваме за втор бран

Коронавирусот многу веројатно ќе има и втор бран покажуваат сите досегашни студии, но и искуства од други епидемии. За него се подготвуваме согласно консултациите кои ги имаме со повеќе земји, со СЗО, но и со поединечни случаи од повеќе земји.

Започнуваме голема инвестиција во здравствениот систем и ги зајакнуваме одделенијата за интензивна нега ширум земјата. Се подготвуваме за новиот бран на вирусот наесен и ќе го пречекаме поподготвени за да го заштитиме здравјето за граѓаните, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Филипче посочи дека ќе се опремат сите одделенија за интензивна нега со модерна опрема, кревети, респиратори, дигитални рендген апарати, ехио апарати и се друго што е потребно за да се пружи соодветна здравствена заштита.

Loading...