
Водителката Јелена Спенџарска и приватно гаи пасија кон модата, тенденциите, уличниот стил и се она што се поврзува со модната естетика и креативност.
Но, парчињата облека и аксесоари за неа не се пресудни за комплетен изглед, бидејќи за да се изгледа одлично на плажа и за да се износи костимот за капење во најдобро светло, потребна е рутина во спортувањето и секојдневно посветување на вежбите за телото.
– Секојдневно по два часа дневно поминувам на кејот на Вардар. Трчањето многу ми помогна да го дефинирам телото и да го намалам вишокот килограми. За два месеца успеав да намалам 9 килограми и сум многу задоволна од мојот сегашен изглед. Топло им препорачувам на сите девојки и жени да не го запостават спортувањето, тоа е клучот за позитивна енергија и исполнетост.
Колку и да ви изгледа тешко, тоа ќе премине во навика, а резултатите само ќе ве мотивираат. Бидете во трка по витко тело, трка која самодовербата ќе ја крене до облаците. Секако, спортската опрема е задолжителна, зашто и додека спортуваме треба да изгледаме средено, а тоа не вклучува шминка и фризура туку соодветна спортска облека, истакна Јеленав во едно неодамнешно интервју.
Спенџарска на својот профил на Инстаграм објави низа фотографии, а под нив напиша:
Шорцеви: на мама, Кошула: на мама, Всушност, ова се алишта на мама, која ги носела пред повеќе од 30 години ! Да, да !
Уште кога ги видов минатата недела дома, во една вреќа, си ја замислив комбинацијата во глава и испадна подобро од што очекував.
Никогаш не сум била роб на последните трендови или скапи брендови, ете колку малку е потребно за да изгледаш убаво!
Понекогаш, бутиците со најfashion гардероба ви се токму дома.
Неотворените со години плакари на вашите мајки и баби… trust me ама сериозно trust me! Ви треба само малку фантазија,