
Другарките Божидарка Џукиќ (23), Марија Фекете (17) и Татјана Гудиќ (15) настрадаа во ужасна сообраќајна несреќа утрово во 3 часот по полноќ на патот помеѓу Кула и Руски Крстур кога нивниот пријател Михајло Сабадош (23) изгубил контрола над возилото „Рено“, слетале од патот и се превртеле, информира српски „Курир“
Возачот поминал најлесно, а со сериозни повреди се здобиле уште две лица на возраст од 14 и од 18 години и лекарите се борат за нивниот живот.
По несреќата е утврдено дека Сабадош го управувал возилото под дејство на алкохол, а му биле измерени 1,5 промили.
„Шест млади се враќале од приватна забава и сите биле во еден автомобил. Сабадош бил зад воланот, а се претпоставува дека тој требало да ги однесе пријателите дома, бидејќи не сите се од истото место. Сепак, на патот меѓу Кула и Руски Крстур, тие слетаа од патот, се превртеа и завршија во канал. „Реното“ беше целосно смачкана“, вели извор на весникот и додава дека на местото на несреќата починале Божидарка Џукиќ и Татјана Гудиќ, додека нивната пријателка Марија Фекете била извлечена од автомобилот жива, но таа починала во болницата во Сомбор.
Две повредени тинејџерки се пренесени во Детската болница на КЦ Војводина, а лекарите се борат за нивните животи.
„Рбетот на младиот човек е повреден, а белите дробови му се прободени. Тој е на респиратор, додека Милица е во кома. И двајцата се во критична состојба“, објаснил изворот и додал дека еден од нив бил опериран.
Истрагата на местото на несреќата траела со часови, а се претпоставува дека Михајло Сабадош возел пребрзо, како и дека неговото пијанство придонело за несреќа
