Фризерите ја откриваат вистината – Цел живот ја миеме косата по погрешен редослед и затоа е мрсна и тенка

„Обратното миење на косата“ е новата хит метода и истражувачите кои велат дека тоа е единствениот исправен начин, а подразбира регенераторот да се нанесува пред шампонот.

Експертите за нега на коса објавиле метод „обратно миење на коса“, односно прво да нанесете регенератор за коса, а потоа шампон, а тоа велат е лек за мрсна и тенка коса. Важно е регенераторот да не го нанесете на темето, бидејќи тогаш косата губи волумен, а тврдат дека со овој редослед ќе се зајакне заштитниот слој на влакното и косата ќе биде пожива и со повеќе волумен.

-Тоа е чисто измислување дупки на саксија. Улогата на регенераторот е да ја врати ПХ вредноста на косата, да ја измазни и да ја нахрани, а ако после него нанесеме шампон така ќе ги отстраниме заштитните слоеви. Кај некои миења постои принцип кога на масна коса се нанесува бланш со регенератор, па потоа се мие со шампон, но тоа се прави на фризер, а не дома – истакнува српскиот фризер Бобан Чириќ.

Уште една српска фризерка се согласува со ставот на Бобан.

-За мене е тоа целосно нелогично и никогаш не сум слушнала за тоа. Регенераторот има улога да ја затвори кутикулата на влакното после миењето со шампон, а со обратниот процес тоа не може да се постигне. Единствена можна варијанта е на косата да се нанесе прво маска за коса која долго ќе стои и ќе ја нахрани косата, па потоа со благ шампон да се измие косата. Оваа техника се препорачува на мрсна и тенка коса – вели фризерката Ива Јаковлијевиќ.

Изгледа дека фризерите сепак не се согласуваат со истражувачите. Дали вие би ја проблае оваа нова техника?