И очите ни откриваат дали имаме коронавирус – Ова никако не смеете да го занемарите

Британските експерти наведуваат дека покрај кашлањето и температурата, кои на сите ни се многу добро познати симптоми што укажуваат на коронавирус, постојат уште два што може да укажуваат на негова појава.

„Доказите од другите земји укажуваат на тоа дека влезните точки на коронавирусот најчесто се очите, носот и грлото“, се наведува во соопштението на Британската асоцијација на оториноларинголози.

„Но идентификувавме и нов симптом, губење на сетилото за мирис и вкус, што би можело да значи дека и луѓето кои немаат други симптоми, но забележале губење на едно од овие сетила, би морало да се самоизолираат и така да го спречат ширењето на вирусот“, велат лекарите.

Епидемиолозите секојдневно откриваат нови симптоми на коронавирусот кој во моментот владее низ светот.

Кога станува збор за СОВИД-19, лекарите сè уште се обидуваат да ја разберат целокупната слика за симптомите и сериозноста на болеста.

Loading...

Вирусот кој сее страв, има неколку симптоми како грозница, температура, кашлање и болка во градите, но сега медицинската сестра Челзи Ернест од Америка посочува дека и црвените очи може да бидат знак дека пациентот е заразен со коронавирус.

„Лично го видов тоа. Заболените имаат очи како кај алергија. Белиот дел од окото не е црвен. Тоа е повеќе како да имаат црвена сенка од надворешната страна на очитe. Имавме пациенти кои имаа само црвени очи како единствен симптом што го видовме, дојдоа во болница и починаа.“

Како што пренесува Си-ен-ен, претходно американската офталмолошка академија неколку пати предупредила дека поседува извештаи каде стои назначено дека новиот коронавирус или Ковид 19 е поврзан со конјуктивитис, па од тука може да се заклучи дека црвенило на окото е еден од симптомите кои се јавува кај заболените.

Во Америка сите офталмолошки ординации престанаа со работа и примаат само итни случаи.

loading...

Еден од симптомите кои неодамна го посочија истражувачите кои работат на откривање на симптомите на смртоносниот Ковид 19 е губењето на сетилото на вкус и мирис.

Loading...