Инфектологот Стевановиќ ги повика граѓаните да се јават веднаш на лекар ако ги имаат овие симптоми

Српскиот инфектологот Горан Стевановиќ ги предупреди граѓаните дека сега поголемиот број од пациентите се на возраст меѓу 30 и 50 години со сериозна клиничка слика и сериозни пневмонии.

Тој апелираше до граѓаните да се јават на клиника веднаш штом се појават симптомите и редовно да се пријавуваат доколку се влоши нивната состојба, за да можат навреме да бидат упатени на понатамошно лекување.

Стевановиќ објасни дека некои пациенти со корона имаат симптоми од почеток, додека други имаат бавен тек на болеста која трае неколку дена, а потоа се влошува.

-Апелирам до оние кои веднаш ги посетуваат клиниките и добиваат симптоматска терапија и упатства да се јават во случај на влошување на нивната здравствена состојба, да го сторат тоа, дури и ако се почувствуваат полошо вториот ден. Текот на болеста е непредвидлив кај некои пациенти и потребно е да се интервенира – истакна Стевановиќ.

Тој им порача на граѓаните да се грижат за нивната здравствена состојба и ако не можат да ја намалат температурата два или три дена по ред, доколку доживеат потешкотии при дишењето или силна слабост, веднаш да се јават за да има дополнителни испитувања и да бидат упатени на понатамошно лекување.

Loading...

– Сега клиничките слики се такви што бараат долготрајна терапија и тоа се причините зошто ни се потребни дополнителни болнички капацитети.

Се обидуваме да одиме барем еден чекор пред епидемијата, така што никој од пациентите не останува без место во болницата. Сигурно ќе успееме во наредните два-три дена да го стишаме бранот, а во наредниот период зависи од сите нас.

Почитувањето на сите мерки е од извонредна важност – истакна директорот на Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар на Србија.

-Во овој бран, сега гледаме клинички слики кои бараат подолготрајна терапија, станува збор за сериозни пациенти на кои им е потребна терапија од две или три недели, што е и причината зошто се потребни дополнителни болнички капацитети – рече д-р Стевановиќ.

Тој ги повика граѓаните да ги намалат контактите на минимум и да ги одложат сите непотребни патувања и прослави.

Loading...