Исповед на една мајка која ќе ве расплаче: И ја украде ужината на мојата ќерка, но потоа добив писмо со извинување

Оваа приказна за девојчето кое морало да краде храна од другарчињата навистина ќе ве растажи. Веќе го обиколи целиот свет и статусот на мајката која искрено раскажа што се случило, се споделува на сите социјални мрежи.

За жал секојдневно слушаме по некоја судбина која нè растажува, на ТВ, во медиумите или од нашите пријатели и познаници. Една таква приказна е токму приказната за девојчето чии родители го запоставиле до таа мера што тоа почнало да гладува.

Приказната пристига од Калифорнија, а Кристина Кузмиќ напиша статус на Фејсбук кој собра повеќе од 16000 лајкови, а со кој таа ја опиша споменатата состојба.

“Кога ќерка ми одеше во второ одделение, еден ден се врати дома многу гладна бидејќи и исчезнал сендвичот од кутијата за ручек. Јас и го спакував и се сеќавам дека бев многу лута на помислата дека некое дете му ја украло ужината на моето дете. Какво е тоа детиште што може да направи такво нешто!

Мистеријата околу сендвичот беше решена за неколку седмици подоцна, со порака и чековна картичка од 6 долари. Во пораката девојчето напиша:

Loading...

“Драга Матеа, жал ми е што ти го украдов сендвичот. Многу ми е жал. Директорот на училиштето ме казни една седмица. Жал ми е тоа што ти го направив. Се надевам дека ќе ми простиш и дека можеме и натаму да бидаме другарки”.

Јас и ќерка ми научивме важна лекција: Не препоставувајте ништо за другите луѓе ако не ја знаете нивната цела приказна.

Набрзо откако ја добивме оваа порака, дознавме каков претажен живот има тоа девојче. Присуствувала на ужасно семејсно насилство, вклучително и трауматични експлицитни настани. Грижата за нивната ќерка и нејзините основни потреби никогаш не им била приоритет. Девојчето било толку гладно што било приморано да краде храна од своите другарчиња во училиште. Таа не била “детиште” како што претходно ја нареков, туку очајно дете.

На крај им беше одземена од родителите и замина кај еден пријатен брачен пар кои ја посвоија. Не сум ја видела повеќе од пет години, но сè уште мислам на неа. Се прашувам дали е добро, дали се чувствува сакано. Се прашувам дали сега некому му е приоритет, дали конечно има мирен дом и родители кои ја обожуваат, и само свој сендвич, секој ден.”

Loading...