Како да претчувствувал: Ѓорѓе Балашевиќ испратил чудна порака на својата ќерка – „Не е позитивен на корона, само на животот“

Во денешно време, кога стравот од коронавирусот преовладува, Ѓорѓе Балашевиќ пред смртта со чудна порака го збуни семејството, но загрижи и бројни фанови. Имено, неговата ќерка Јелена Беба Балашевиќ со своите следбеници сподели интересна преписка со својот татко, легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, па многумина се запрашаа дали познатиот музичар е заразен со коронавирус?

-Овие денови вистината е во прилична фрка, затоа што ни самата не знае каде е.

Секој ден се менуваат барем 5-6 вистини за ситуацијата во која се наоѓаме.

Но, една вистина која малкумина може да поколеба е таа дека сите мислевме дека ова можеби пократко ќе трае и дека ќе се случува Календарот од моето детство во Комабанк арената, Богојавленије во Нови Сад и така…

Што е тука е, останува да се надеваме дека идната година сепак повеќе ќе не мази.

Loading...

Му се јавувам на Ѓоле да видам што прави и почнувам разговор:

„Како си?“

„Коронуло прилично“.

Да, кралот на зборовите повторно ме засмеа, но и загрижи во исто време. За среќа, не е позитивен на корона, само е позитивен на животот и во ова лудо време гледа како да не засмее.

Напиша нова вест за Вечерњи лист кој ќе излезе во сабота и нема ни мене да ми го испрати пред да излезе и мислам дека ќе се откажам од него преку истиот весник, напишала ќерката на Балашевиќ.

Познато е колку Балашевиќ беше поврзан со неговата ќерка, кога изјави дека еден од најтешките периоди во животот му бил кога таа доживеала сообраќајна несреќа.

Đorđe Balašević

Loading...