Касиерката ја понижи женичката која немаше да плати 200 денари, па млада девојка и одржа лекција среде маркет во Скопје

Само што дојдов од маркет…Пред мене, постара жена, купи основни прехрамбени намирници. По лицето и се гледаше дека е исцрпена.

Ја подава картицата да плати, а касиерката и вели дека е одбиена. На жената и се вцрвени лицето и започна да објаснува дека проверила во банка дали има средства, а касиерката со повишен тон повторно и кажа дека е одбиена…

Жената ја замоли касиерката да проба повторно, ова некако се накани, но повторно вели “одбиено” и започна жестока караница, започнувајќи да зборува со повишен тон за тоа:

“како можете да купувате без резервни средства, како сега ќе ја покриете сметката и слично”…жената поцрвене, се обиде тивко да и објасни како нема резервни средства, дека се ќе врати на место и ќе си замине, а касиерката само ги превртуваше очите.

Девојката позади неа го отовори паричникот и даде пари, велејќи дека таа ќе плати за госпоѓата. Госпоаѓата срамежливо ме погледна, не веруваше, започна да чекори напред, а одеднаш застана, додека касиерката дрско ги грабна парите од рацете на девојката.

Loading...

Некој од позади мене дофрли зошто девојката да плаќа, девојката и жената ќутат и се гледаат помеѓу себе, касиерката и врати кусур на девојката, велејќи дека жената нареден пат треба да дојде со пари.

Жената се помрдна, и ја чекаше девојката да заврши, тивко побара нејзин контакт телефон за да и ги врати парите, додека слаткото девојче се насмеа и тивко изговори дека никој нема да пропадне поради 240 денари, момент, кој ги наполни срцата на десетина луѓе кои се најдоа близу, а ја посрамоти касиерката, жената без совест.

Извор: relaxirano.com

Loading...