Колку повеќе трошиш пари на саканата, толку побогат и посреќен стануваш

“Мажот треба да инвестира во неговата сопруга!” – Ја слушнав оваа мисла од многу успешен маж кој ги повика другите мажи да ја следат оваа препорака.

И наскоро уште од еден: “Колку повеќе трошите пари на вашата сакана жена, толку посреќен и побогат сте!”
Многу антички традиции зборуваат за тоа. И зошто е тоа така?

Бидејќи жената е Божица на просперитетот, жената колку што се чувствува посреќна и позадоволнa во врската, толку ќе биде посреќен и поуспешен нејзиниот сопруг.

Според тоа како изгледа жената, како е облечена, како се однесува и како зборува може да заклучите каков е нејзиниот сопруг.

Мажот кој сака и знае, не штеди на поклони и копмлименти за саканата жена, поради тоа што тој знае дека ако жената е незадоволна – тој многу тешко ќе може да постигне успех, оти жената е неговата психичка сила.

А, што подобро и повеќе се грижи за неа, таа поубаво ќе цвета, таа ќе е поисполнета, ќе е појака енергетски, што значи дека со добрите мисли за мажот ќе привлече добри околности, за работа, за успех, за љубов и финансии.

Ако мажот не претендира да се грижи за неговата жена, не претендира да ја преземе одговорноста за безбедноста на семејството, не претендира да ја заштити на работа – во неговиот живот ќе биде многу тешко, и морално и материјално ..

И штом ќе ја преземе улогата на еден хранител и лидер, да започне своето семејство и жената да ги обезбедува, буквално, штом тој го прави тоа, среќата ќе почне да го придружува во секој чекор!

Жената – не е како мажот, неа е тешко да ја задоволите со мали залагања .. неа и е потребен комфор, и треба убавина, потребни и се нови искуства и емоции, и ако мажот е во состојба да и го овозможи тоа- тој е најсреќен. Тој маж повеќе предадена, посветена, среќна и благодарна жена нема да најде …!

И девојки, се разбира, ние не треба да заборавиме – дека тие се мажи, оние кои инспирираат, дека даваат а не барат, чекаат, разбираат, прифаќаат, лојални се и оние кои бескрајно веруваат во силата и мудроста на својот благороден витез!