КОНЕЧНО УБАВИ ВЕСТИ – Успешно тестирана вакцина против Коронавирусот: Антитела се појавиле кај сите 1.120 тестирани

Кинеската компанија „National Biotech Group“ денес објави дека првите резултати од тестирањето на потенцијална вакцина против коронавирус врз луѓето укажуваат на тоа дека може да биде безбедна и ефикасна за употреба .

Според Ројтерс, оваа експериментална вакцина довела до создавање високи нивоа на антитела кај сите 1.120 лица кои ја примиле во текот на првата фаза на клиничките испитувања, а тоа е втора вакцина на таа компанија која се покажа како ефикасна во раната фаза на тестирање на луѓето.

На кинеските компании и истражувачи им е одобрено да тестираат осум потенцијални вакцини дома и во странство, со што Кина е една од водечките земји во трката за развој на вакцина против корона вирусот.

За да може некоја вакцина да влезе на пазарот, таа треба да се покаже како ефикасна и во третата фаза на тестирање, во која нејзиниот ефект се тестира на илјадници луѓе, пренесува Ројтерс.

Loading...