Лана заминала со пријателка на кафе, но наместо ја пронашле претепана и мртва во река

„Одам со пријателка на кафе“, било последно нешто што 19- годишата Лана Бједиќ и рекла на мајка си минатата недела. Подоцна упорно ја барале на телефон, но Лана веќе била мртва.

Според локалните медиуми нејзината мајка која е декан на факултет во Мостар ја добила другарката на ќерка си, но таа и рекла дека за тој ден не биле договорени да се видат, па во семејството завладеало паника, бидејќи Лана требала наскоро да се качи во воз за Сараево, каде студирала.

Исчезнувањето го пријавиле во полиција и потрагата веднаш зпочал, Најлоши вести за родителите биле во неделата навечер, откако рибар го пронашол беживотното тело на Лана во река, па повикал полиција.

„Стигнавме на терен за 20 минути, бевме во близина, но не смеевме да го допираме телото додека не дојде вештак, рекол глвниот координатор на акцијата за спасување.

Додека го прегледувале телото, ги нашле нејзините документи, а само 10 метри подалеку се забележувале траго на „борба“, но поради мракот морале да го прекинат увидот и да продолжат наредбното утро. Првите резултати од обдукцијата покажале дека Лана имала огромен хематом на главата кој настанал по силен удар.

– На вратот немало траги од давење, но имала рани на рацете и ребрата- рекол обвинителот, а засега нема траги дека девјката била силувана.

Наведено е дека во неа е пронајден и мобилен телефон кој бил исклучен, па веднаш е пратен на вештачење, а засега нема осомничени ниту уапсени за убиството.

Оние кои ја познавале Лана раскажуваат дека таа била возбудена дека ќе се сели во Сараево. Таму нашла и стан, но никој не знае кој може да и замерил толку за да ја убие.

Лана е погребана во понеделникот, а истрагата се уште трае.