Лепа Брена искрено: „Еднаш правев ајвар во двор и никогаш повеќе, многу е напорно“

Иако не израснала во семејство во кое не морала да работи низ дома, сепак Лепа Брена не сака да се занимава со домаќинските работи од едноставна причина – не е добра домаќинка.

Признавам дека сум многу лоша готвачка, Бобан многу подобро готви од мене. Тој има префинет вкус, многу е добар и квалитетен, затоа што неговите родители имаа ресторан. Никогаш не се истакнував, едноставно, не го сакам тоа. Мајка ми ме научи да готвам, тоа беше нешто задолжително. Како мали, месевме леб и се’ што може да се прави од тесто. Исто така, научив да везам, да плетам, да шијам, да варосувам. Одевме на село да береме јагоди, круши, а потоа правевме мармалади, па зимници…

Сето тоа моравме да го знаеме. Иако го научив се’, не сакам да го правам тоа што можам да го платам. Сакам убаво поставена маса и некој да ме служи. Додека сум жива, секогаш ќе имам да го платам тоа. Мислам дека постојат многу подобри домаќинки од мене. Подобро да вработам искусна готвачка да ми готви отколку да губам време на тоа што се јаде за половина час и потоа – пријатно“, раскажа Брена за „Блиц“.

И покрај тоа што по ова признание многумина би можеле да ја „осудат“, Брена продолжува во свој стил:

Сметам дека не треба да бидам најдобра во се’. Како тинејџерка, сакав да шијам, мајка ми беше шивачка и сакав да го работам тоа. Но животот ме однесе на друга страна и мислам дека треба да и’ бидам посветена на работата и на тоа што го сакам. На пример, знам и да варосувам, но не значи дека треба да го работам и тоа! Еднаш правев ајвар во двор и никогаш веќе, многу е напорно. И на Александра и’ препорачувам да не се занимава со готвење туку со детето, бидејќи времето поминува и нема назад“, искрена беше Лепа Брена.