Лоши вести пристигнаа од Германија: Сите треба да бидеме загрижени поради ова

Германската економија го допре дното со падот на БДП во вториот квартал каков што не е виден во повоената историја на земјата. Сепак, сега почнува да се крева, оценува институтот ИФО според статистичките показатели со кои располага.

Според прелиминарните податоци објавени од Сојзниот завод за статистика, БДП на најголемата европската економија падна во второто тримесечие за 101,1 отсто на квартално ниво, а на годишно за 11,7 проценти, според десезонираните податоци,

„Економијата забележа стрмоглав пад без преседан. Го допре дното за време на пандемиајта и сега се враќа во пораст, иако се уште не на своето претходно ниво“, се наведува во коментарот на Тимо Волмершојзер, шеф за прогнози на економскиот ИФо со седиште во Минхен.

На ниво на цела година се очекува дека БДП на Германија ќе падне за околу пет проценти.

„Постепеното укинување на ограничувањата доведе до силно зголемување на прометот во малопродажбата во мај, зошто потрошувачите вршат многу купување кое претходно морале да го одложат. Производството и продажбата постепено пораснаа и во други сектори од економијата, додава Волмершојзер.

Loading...

Покрај тоа, како што напоменува, индексот на деловната клима, кој го пресметува ИФО, значајно се подобрува во последно време кај многу компании.

„Според тие резултати, треба да видиме недвосмислено опоравување во втората половина на 2020“, наведува тој.

Волмершојзер, сепак во врти вниманието дека оваа прогноза се заснова на претпоставка за натамошно ублажување на рестрикциите без тоа да доведе до повторно раширување на ковид-19, и на политичките одговори на епидемијата, при што двете тие премиси содржат висок степен на неизвесност.

На германскиот пазар на труд, како што забележува, опоравувањето до сега беше бавно: невработеноста го достигна пикот во јуни, а нејзиниот сезонски и прилагоден пад во јули беше слаб.

Според проценката на ИФО, бројот на компаниите кои користат скратено работно време исто така опаѓа многу бавно: таа цифра и натаму е натпросечна во неколку сектори, посебно во хотелисерството и угостителството и во производството.

Додека индустријата првествено трпи поради слабата ситуација со порачките, продажбата во секторите храна и пијалоците и натаму е лимитирана со мерките на ограничувањата воведени поради коронавирусот, се констатира во коментарот на ИФО Институтот.

Loading...