Лоши вести за Македонците во Швајцарија – ќе се одземаат државјанствата на странци поради „лажни бракови“

Многумина во Швајцарија може да бидат оставени “без никакво државјанство”, во ситуација кога властите ќе ги повлечат швајцарските пасоши под сомнение дека станува збор за “лажни бракови“, објавува швајцарскиот весник “Tages Anzeiger“.

Според швајцарските правила, странски државјанин кој добил швајцарско државјанство преку брак со граѓанин од Швајцарија може да се соочи со одземање на натурализираното државјанство, до осум години по бракот, доколку властите се сомневаат дека бракот е фарса, пишува весникот.

Цитирајќи податоци од Швајцарската Канцеларија за миграција (SEM), весникот тврди дека секоја година на околу 50 до 60 натурализирани Швајцарци им се одзема државјанството.

Бројот на таквите случаи се зголемува од почетокот на 21 век, со само осум во 2000 година, според податоците на SEM. А во некои случаи, тоа може да го остави лицето без државјанство, пишува весникот.

Весникот го наведува примерот на еден човек по потекло од Ангола, кој живеел во Швајцарија 20 години. По неговиот брак со Швајцарка, преку која тој се здобил со швајцарско државјанство, бракот завршил со развод во 2008 година, па така од “SEM“ му било одземено државјанството. Но тој повеќе немал пасош од Ангола, па така тој останал без никакво државјанство.

Во изјавата за весникот, од SEM потврдија дека нејзината политика може да резултира со тоа што луѓето би останале без ниту едно државјанство, доколку, на пример, земјата на потекло на лицето не признава двојно државјанство и бара тоа лице да се откаже од неговата оригинална националност, за да стане државјанин на Швајцарија.

Во моментов, “SEM“ нема податоци за бројот на луѓето погодени на овој начин.Во Швајцарија, странскиот брачен другар на швајцарскиот државјанин може да аплицира за поедноставена натурализација, односно полесен процес од обичната натурализација, ако ги исполнуваат одредените услови, на пример, ако тие живееле во Швајцарија пет години, или живееле со својот швајцарски партнер три години.

Економијата на Швајцарија е една од најразвиените во светот. Таа е рангирана на деветнаестото место по големина на бруто домашниот производ и на шесто по БДП по глава на жител. Квалитетот на живот во земјата се оценува како исклучително висок, а Цирих и Женева редовно се рангираат на високи позиции во различни светски рејтинзи.

Земјата е многу убава. Тука се наоѓа една дел од Алпите и тука се изградени луксузни и многу убави ски летувалишта. Земјата е позната уште по банките и по производството на чоколадо и часовници.Ако во текот на ноќта започне да врне силно снег, тогаш тоа значи дека наутро улиците ќе бидат целосно затрупани. Добрата вест е дека до 8 наутро сите тие ќе се расчистат.

Во Швајцарија има бункери за сместување во случај на нуклеарен напад, и истите се способни да го соберат 100% населението.Во случај на војна автопатите можат веднаш да бидат претворени во авионски писти, со што ќе се отстрани преградата во средината. Во моментов земјата има договори со Франција за прекршувања на границата за вонредни цели.Иако е мала по територија, Швајцарија има четири официјални јазици (германски, француски, италијански и романескна). Нивниот германски е поинаков од германскиот во Германија.

Го нарекуваат швајцарско германски. Германците тешко го разбираат.Ако Швајцарците одлучат да го блокираат пристапот до државата, тие можат да го сторат со многу малку војници. Сите автопати имаат цементни блокови, кои можат да бидат издигнати со притискање на едно копче и да го блокираат патот. Сите мостови имаат бомбашки засолништа. Сите патни знаци можат да бидат скриени со притискање на едно копче.

Во планинските скривалишта се скриени големи воени бази.Автомобилите на Швајцарците изгледаат практично нови. Тука има парични казни во случај да не се поправи штетата на автомобилот навремено.Општеството во Швајцарија верува дека ниската невработеност е важна за сите. Системот на градски транспорт е беспрекорен.

Само со еден билет може да ја преминете целата држава, откако користите различни средства за транспорт – автобус, воз, брод, лифт, и др. Распоредот е така создаден, што сите возила пристигнуваатВо Швајцарија се дава помош за невработеност и владата плаќа 2 години за првите години невработеност.