Мајка на докторка од ГОБ „8-ми септември“ со емотивен статус: Утрово со страв го дигам телефонот да прашам како поминала

На својот профил на фејсбук Петановска Илиевска Биљана сподели статус во кој што вели:

Внимателно прочитајте и споделете, текстот е напишан од мајката на мојата добра пријателка МАРИЈА ЛИЧЕНОВСКА доктор во 8 Септември!!!!!

 

Сакам да апелирам до сите максимално да се ангажираат за заштита и да ги заштитат докторите од исцрпувачка работа на кои работат со болни од корона вирусот.

Се извинувам што повторно се навраќам на фамилиите кои имаат свои чеда кои 4 месеци се во првите редови на борбата со корона вирусот.

Loading...

Вчера утро ја испратив мојата ќерка на работа во Болницата 8 септември каде се лечат најтешките болни.Утрово со страв го дигам телефонот да прашам како поминала и дали имала сили да издржи такво дежурство од 24 часа.

 

На мојот телефонски повик ми одговори дека многу тешко и да го предаде дежурството и да собере малку сила за да се врати дома.

Така е 4 месеци и сега потешко на горештина и со многу болни кои се во тешка здствена состојба.Што мислите како ми е мене и со кој стрес се справувам јас.

Тоа има одрас и на нејзиниот син на 14 г воздраст.Тој се разбудил рано утрово и во нејзината спална која вчера жената од корен ја исчисти и дезинфекцира.

Сега може барем во собата да ја почуствува мајка му.Кога доаѓа мајка му ние се изолираме а она после 2 дена не може да дојде на себе.

И после истото се повторува.Исто така не разбира нејзиниот син дека нема одмор зашто неговите другари веќе одат.Јас сум старица која мора со се дома да се справуви секако со помош на жена што ми чисти и со градинар надвор во дворот.

Со Рептил кој ми носи дома продукти а често и со готови јадења.Зашто сум во стрес да и помогнам некако и да и го олеснам животот.

 

Сега мислам дека нивниот директор и Министерот за Здраство треба да се погрижи и да помогнат. Знам дека тие одеа во болница и бараа помош но сето се сведе на ова што ви го кажувам.

Ќе завршам со граѓаните дека секој треба да се однесува свесно да не се зарази како би бил помал број на болни а ќе го заштити и здраственкот систем.

ОВОЈ АПЕЛ ЌЕ СЕ ПОГРИЖАМ ДО ДОПРЕ И ДО ФБ ПРИЈАТЕЛИ И СИТЕ ТИЕ ДА ПОМОГНАТ ДА ДОПРЕ ДО СЕКОГУ ЗА ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ НА ОВИЕ ЛЕКАРИ.ОНА Е АНЕСТЕЗИОЛОГ И Е ВО ИНТЕНЗИВНА НЕГА И РЕАНИМАЦИЈА.ДОСТА СЕ ОПТЕРЕТЕНИ.

Loading...