Мира Шкориќ брутално искрена: „Никогаш нема да се смирам со Цеца и подобро да молчам“

Пејачката Мира Шкориќ е емотивно исполнета, но својот партнер го крие од очите на јавноста.

На прашањето дали ќе се смири со некогашната пријателка Цеца Ражнатовиќ, таа одговори:

„Никогаш нема да се смирам со Цеца. Подобро е да молчам. И посакувам се најдобро“ вели Шкориќ и откри што мисли за Анастасија.

„За неа имам само пофални зборови. Таа е преубава девојка. Песната и е многу, многу популарна и може далеку да стигне.Од мала беше талент и сакам кога талентираните деца успеваат. Анастасија знае да пее и верувам дека ќе биде голема ѕвезда“ вели пејачката.

На прашањето зошто го крие момчето, Шкориќ вели:

Loading...

„Е, па не може да ме фатите.Вие сте најмоќни, најопасни, но нема шанси да ми ги откриете трагите. Го крием како змијата нозе. Јас не сум модерна жена, не сум од оние кои шетаат со модерни фраери. Имам педесет години и не е логично да имам дечко него човек“ вели пејачката.

За потсетување, Мира водеше борба со опасната болест, но за среќа успеа да го надмине тој лош период.

Loading...