Мистеријата конечно решена: Лила откри кој е Банкарот (фото)

Веќе подолго време нашата позната водителка Лила, го води квизот „Се или нешто“ кој секоја вечер се емитува на телевизија Сител, но најголема мистерија во овој квиз е прешањето, кој е всушност Банкарот?

Имајќи го тоа во предвид, Лила на својот Инстаграм профил, поточно на „стори“ објави монтирана фотографија во која се гледа Лила како разговара на телефон, додека од другата страна на телефонската линија е Чак Норис.

Лила се пошегува и напиша:„ Мистерија решена“, сепак сеуште останува само да погодуваме кој би можел да биде Банкарот.