Може да ве поканам на два погреби – ќе ми простите на речникот, но морам вака

Фејсбук статус на Лазар Ѓурков. Ви го пренесуваме во целост без никакви измени:

(Ќе ми простите на речникот ама свесно го избирам оти мислам дека само со ваков речник може да се разбереме со овој тип на луѓе)

Луѓе умираат од Ковид 19.

Неписмени и себични луѓе шират теории на заговор дека Ковид не постои, дека вакцините се штетни, дека се е лага.

Може ли да ве поканам на два погреби. До душа на еден свеж гроб од вчера и еден погребен утре.

Loading...

На мајка и син. Синот го погребаа вчера. Мајката почина денес. Од развиена пневмонија од Ковид.

Готово….финито. Ги нема. Умреа!

Неписмена рајо!!!!

Треба ли да умре мајка ти или брат ти за да сфатиш дека КОВИД 19 ПОСТОИ. ДЕКА Е ОПАСЕН. ДЕКА БРЗО СЕ ШИРИ. ДЕКА МОЖЕ ДА НАПРАВИ КОМПЛИКАЦИИ КОЈ ДОВЕДУВААТ ДО СМРТ.

Треснете ги тоа тиквите од ѕид.

Шерувате видеа дека не постоело?! Како дојдовте до тој заклучок? Научници сте? Доктори? Работите во лаборатори?

Не. Неписмени сте….а имате его до небо. Неписмени сте ….и плус себични и без грам одговорност. Луѓе умираат секој ден. Вие си кулирате и шерувате.

Не ви посакувам ама изгледа ќе се случи да поверувате низ директно искуство.

ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ. ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ. ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ!!!!

ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ! ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ! ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ!!!

Така ќе го спречиме ширењето. Така се сузбиле многу болести, ќе ја сузбиеме и оваа.

Уклучете ги главите!…за да не ви се уклучат принудно кога ќе ви почине некој близок.

Loading...