Најубавиот турчин го смени изгледот, фотографијата веднаш доби над половина милион лајкови

Турскиот актер Бурак Озчивит, најпознат на нашата публика по улогата на Бали-бег во теленовелата серија „Сулејман Величествениот“, ги изненади своите следбеници на Инстаграм со промена на изгледот.

Тој објави фотографија на која позира со пријател, а неговата нова фризура ги изненади сите. Фановите се навикнати да го гледаат со малку подолга коса, а 36-годишниот актер сега ги скрати шишките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

Бурак минатата година минуваше низ брачна криза со неговата сопруга Фахрие Евчен, но се чини дека парот успеал да ги испегла несогласувањата, бидејќи годинава тој и посвети објава за Денот на вљубените.

Loading...