“Нас државата ни се распаѓа, а ти за 2 слики плачеш“ – коментар упатен до Лила стана хит на интернет

Водителката на квизот „Сѐ или нешто“, која имаме можност да ја гледаме секој работен ден на Сител телевизија на социјалните мрежи објави дека била жртва на хакери, односно дека нејзиниот Инстаграм профил бил хакнат.

– Драги пријатели , после 24h успеав да го вратам профилот кој што ми беше хакиран. Што се случи ќе чуете утре ексклузивно на @1tv_mk posle 17.30h. Бидете внимателни секој може да биде жртва на cyber criminal. Избришани ми се многу фотографии и луѓе кои сум ги следела, а сочувани ми се фоловерсите кои сакале да си ги искористат за свои потреби. Ве гушкам, напиша таа вчера на социјалните мрежи.

Во врска со целиот случај кон Лила беше упатен коментар кој веднаш стана хит на интернет.

„Село гори, баба се чешла, нас државата ни се распаѓа, тебе 2 слики ти избришале на профил, па 3 дена пола Македонија за тоа зборува“, стои во коментарот.