Нема да уживаме за 1 мај – метеоролозите најавуваат големи врнежи за почетокот на месецот

Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне ќе има умерена облачност и локално услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток. Периодот на топло време продолжува и во наредните денови. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од 28 април па се до 3 мај се очекуваат врнежи кои ќе се интензивираат. Температурите ќе опаднат и ќе се движат до 22 степени Целзиусови.

На страницата Акуведр е објавен и илустративен приказ.

За 1 мај ќе врне дожд.

Според метеоролошките прогнози, времето за овој празник ќе биде облачно и со значително пониски температури кои ќе се движат околу 19 степени во Скопје и 21 низ Македонија. Утринските температури ќе бидат ниски и ќе се движат од 4 до 6 степени.