Нема крај на лошите вести од Визер за Македонците: Се укинуваат уште линии од и до нашата држава

„Визер“ оваа зимска сезона дополнително ја намалува својата мрежа од базата во Скопје. Авиокомпанијата привремено ќе прекине уште седум линии.

Превозникот нема да ги продолжи летовите кон Барселона, Бремен, Хановер, Ларанака, Сандефјорд, Скавста и Ваксјо до крајот на март 2021.

Следи одлуката на авиокомпанија да ги прекине летовите од Скопје до Салцбург до пролетта следната година. Како резултат на ова „Визер“ во моментов планира да ги одржува услугите од главниот град на Македонија до 23 дестинации во текот на зимата, меѓутоа, тоа веројатно ќе се промени.

Авиокомпанијата ќе извршува летови од Скопје до Базел, Баден Баден, Брисел, Братислава, Берлин, Бове, Будимпешта, Копенхаген, Келн, Дортмунд, Ајндховен, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург, Хан, Малта, Малме, Меминген, Милано, Нирнберг, Рим , Турку и Венеција.

Голем број од овие линии се привремено прекинати и не би требало да продолжат пред почетокот на зимската сезона 2020/2021.

Loading...

Но тоа не е се. Вчера пристигна вест дека „Визер“ привремено ќе ги укине летовите од Охрид до Меминген и Милано, што ќе биде на сила до крајот на март, објави специјализираниот сајт „ЕксЈуавиејшн“.

Авиокомпанијата претходно ги суспендираше своите услуги од Базел, Дортмунд, Малме и Лондон (Лутон) до стартот на зимската сезона на 25 октомври.

Единствената линија до Охрид што постојано се одржува е онаа до Виена, иако и таа е намалена на еден лет неделно до крајот на октомври.

Како што напоменавме погоре, „Визер“ претходно објави дека ќе ги намали и своите услуги во Скопје преку зимата, па до крајот на март 2021 нема да ги има летовите до Барселона, Бремен, Хановер, Ларнака, Сандефјорд (Норвешка) и до два аеродрома во Шведска, Скавста во близина на Стокхолм и Вешо, а претходно беше укината и линијата до Салцбург.

За потсетување, Скопје беше најголемата и најпрометната база на Визер во поранешна Југославија. Впрочем Визер е и најголемиот авио превозник во нашата држава.

Превозникот гo стационираше својот петти авион во градот минатата година со надграден авион од 180 седишта А320 во 230 седишта А321, иако оваа зима целата своја флота со седиште во Скопје беше униформирана во А320.

Во текот на 2019 година, авиокомпанијата учествуваше со над 60% од сите патници од главниот град на Македонија. Кон крајот на минатата година, македонската влада ги претстави плановите за инвестирање на 1,7 милиони евра во авио-секторот на земјата во текот на оваа година.

Loading...