Нови рестриктивни мерки од утре: Ќе се зголеми полицискиот час во Македонија

Поради влошената епидемиолошка состојба во земјава, од утре ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки во Македонија, дознава КУРИР.

Имено, како што неофицијално дознаваат од порталот, утре до Владата ќе се предложи зголемување на полицискиот час. Наместо како досега од 22 часот, полицискиот час ќе започнува од 20 часот.

Следна мерка која неофицијално ќе стапи на сила од утре е затворањето на угостителските објекти.

Во текот на денот се очекува прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...