Нутриционист открива како да го засилите имунитетот и дишните патишта, овој зачин е одличен за белите дробови

За добро здравје клучен е добриот имунолошки систем како одбрана на организмот од вирусни и бактериски инфекции.

Најдобар начин за подобрување на имунитетот е со избалнсирани калории, јадење на лесна и варлива храна.

Советите за подобар имунитет ги сподели нутриционистката, д-р Ирена Швенда.

Како да се подобри имунитетот?

Најдобро е да ги избалансирате калориитеи да внесете многу добри масти, влакна, квалитетни јаглехидрати и различни извори на белковини.

Loading...

Како и кај другите вирусни инфекции постојат намирници кои може да го подобрат имунолошкиот систем. Првенствено тоа е храна богата со Ц витамин, свежо овошје и зеленчук или кратко термички обработено, масти и влакна.

„Треба да се јадат продукти богати со витамин Ц, како што се лук, кромид, праз, магдонос и целер. Лукот и кромидот освен што се одлични во борбата против вирусите и бактериите, помагаат и кај различни дишни инфекции. Лукот може да се јаде и суров, а може да се стави и во супа. Исто така сечкан магдонос или целер е најдобро да се додаде во супа. Што се однесува до овошјето, одлични овошја се калинка и цитрон“, вели Ирена.

Во исхраната треба да се користи и маслиново масло, да се јаде месо, риба, авокадо, семки и ореви.

„Јадете продукти кои се варливи и создаваат многу слуз во желудникот и горните дишни патишта. Варената храна, житарки, мешунки, месо, риба, зеленчук кој кратко темички се обработува и салата. Покрај тоа препорачувам да се користат зачини во исхраната“, вели Ирена.

loading...

Редовното конзумирање на таквите намирници го штити организмот од вируси и бактерии и ни помага во спречувањето на болестите. Користете разноразни зачини и билки. Цимет и бибер се одлични зачини, а циметот помога за здравјето на белите дробови.

Освен тоа, многу е важно да се пијат топли напитоци.

„Чајот е одлична превентива. Ефикасен е чајот од ѓумбир, а внатре може да ставите каранфилче кое е антисептик. Тоа може да се џвака, а и го дезинфицира грлото. Исто така устата може да ја испираме со чај од жалфија. Во чајот треба да се стави мед кој благо делува на слузницата и лимон кој е богат со витамин Ц или сок од портокал, но со него треба внимателно зошто делува многу агресивно врз слузницата на желудникот”. Поради тоа оние што имаат гастритис треба да бидат внимателни. Покрај тоам во чајот може да се додаде и малку црн бибер. Наместо студена вода, обидете се да пиете топла вода,односно жешка вода до ниво на подносливот“, објаснува Ирена.

Доколку забележите симптоми на настинка треба да се придржувате кон овие прехранбени навики, да се внесуваат лесни продукти богати со нутритиенти, да се пијат жешки напитоци, а покрај тоа и советува правање гаргара со масло од прополис кое има антивирусно дејство и помага во борбата против вирусите и бактериите. Покрај исхраната многу е важна и физичката активност и излегување на сонце.

„Сончевата светлина е добра за имунитетот, а лоза за вирусите. Една од причините што е грипот зимски проблем е тоа што вирусот на грип најдобро се пренесува при ниски температураи и ниска влажност. Сончевата светлина исто така им помага на нашите тела да произведат витамин Д, а бактериите и вирусите се уништуваат со помош на сонцето“, вели Ирена.

Изложеноста на природата го намалува стресот, но и ја подобрува функцијата на имунолошките ќелии.

Уште еден клучен фактор за подобар имунитет е сонот.

„Регенерацијата на нашите ткива најдобро се движи од 22, 22:30 часот до два часот во ноќта. Ако го поместиме тој дел, прескокнуваме лачење на хормонот за раст кој влијае на опоравувањето на нашите ткива и имунолошкиот систем. Со тоа ја смалуваме можноста за одбрана на организмот од било кој причинител на настинка. Спиењето на време е мноу важно, а може и раното будење. Заспивањето до 23 часот е клучно за имунолошкиот систем. Во просек доволни се 7 до 8 часа, а на некои луѓе им се доволни и шест часа сон“, заклучува нутриционистката.

Loading...