Од Германија пристигна убава вест за сите Македонци што сакaат да се преселат и работат таму

Европската статистичка служба Евростат неодамна објави колку Македонци живеат во Германија. На први јануари 2019 година во Германија се регистрирани 102.052 македонски државјани. Бројките покажуваат дека од година во година се зголемува бројот на Македонци во Германија.

Ако се вратиме наназад, во периодот од 2009 до 2014 година, повеќе од 20.000 македонски граѓани ја напуштиле својата земја и се иселиле во Германија, покажуваат податоците на германскиот Сојузен завод за статистика.

Бројката на македонските државјани во Германија бележи постојат раст од 2007 година наваму кога биле пријавени 62.474. Меѓу 2007 и 2009 година бројката се зголемила за едвај нешто повеќе од 400 луѓе, на вкупно 62.900 пријавени македонски државјани.

Веќе во 2010 година биле заведени три илјади нови Македонци, во 2012 бројката се зголемила за речиси 10.000 и достигнала околу 73.000. Конечниот број на македонски државјани кои се пријавени и имаат документи во некоја германска општина во 2014 година достигнал скоро 84.000 луѓе.

Германскиот Бундестаг денес даде согласност за продолжување на т.н. Западнобалканско правило, кое истекуваше на крајот на годинава.

Loading...

Граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, ќе можат, независно од формалната квалификација што ја имаат, да се доселуваат во Германија со цел да работат до крајот на 2023 година.

Западнобалканското правило, кое првично истекуваше на крајот на годинава, сега е продолжено за две години, но добива ограничување во делот на бројот на лицата кои на овој начин може да влезат и работат во Германија, и тоа на 25.000 годишно.

Германската влада оценува дека потребата од работници од Западен Балкан е голема, особено во градежништвото.

Сојузната агенција за работа мора да даде согласност за работа на одредено лице. Таа проверува дали за одредено работно место има на располагање германски работници или работници од земјите од ЕУ, како и дали постојат еднакви услови за работа како и за Германците.

Во 2019 година властите издале 27.259 визи поврзани со Западнобалканското правило. Агенциите за работа, меѓутоа, дале согласност за работа за повеќе од 62.000 лица. Времето на чекање на визите е долго.

Пратеничката на Зелените, Филиз Полат, ја критикуваше новововедената граница: „Иако очигледно постои потреба, има вештачко ограничување кое не може рационално да се објасни“, вели таа.

Бундестагот денес го задолжи и Министерството за труд и социјала да продолжи со евалуација на Западнобалканското правило за периодот од јануари 2021 до декември 2023 година.

Притоа се бара посебно да се продлабочи анализата на прашањето за вработувања со соодветна квалификација, како и квалитетот на условите за работа. Исто така, треба да се набљудува и како работниците се интегрираат во општеството, пренесува „Дојче веле на македонски јазик“.

Loading...