Одбила да биде „Жена од Султана“ – еве за која позната пејачка станува збор и зошто го сторила тоа

Тијана сега е вистинска ѕвезда со само еден хит, песната „Жена од Султана“ стана вистински хит, па пејачката Тијана веќе договори и турнеја во Америка, од само една песна.

Тијана Милентијевиќ стана голема балканска ѕвезда со помош на хитот „Жена од Султана“, која за само два месеци веќе успеа да собере речиси 39 милиони прегледи на Јутјуб.

Младата пејачка откри како оваа песна пристигнала до неа, како и која е пејачката што ја имала „на тацна“, но истата ја одбила.

-Сосема случајно, мене ме повика сегашниот продуцент Шаран и ми рече дека има предлог да ми даде да снимам една песна и спот зад која ќе стои тој. Песната ми се допадна уште од првото слушање. Ритамот ме купи, а потоа и текстот и се е супер, вели Тијана, па открила дека прво друга пејачка имала понуда за оваа песна.

Станува збор за Слаџа Алегро.

Loading...

-Мислам дека за неа не е текстот и целата приказна, сметала дека тоа треба да го сними некој помлад. И мислам дека е во право – изјави Тијана за српските медиуми.

Запрашана дали има свој султан, Тијана одговори вака:

-Немам, моментално сум слободна, целата енергија ја посветив на кариерата. Ги користам своите пет минути, за султанот има време, ќе се случи и тоа.

Loading...