Ова е куќичката во која Топалко живееше со шестчленото семејство: “Бев среќен. Колку повеќе посакувате, повеќе страдате“

Српскиот пејач Милан Топаловиќ Топалко (43) ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм објавувајќи фотографија од куќата во која го поминал своето детство.

Топалко во таа куќа живеел 10 години, со шест членови на семејството.

Денеска вели дека тогаш бил среќно дете.

– Човекови потреби за живот се вода, воздух, нешто да касне, нешто да облече и некаде да преспие… Сѐ останато се желби. Но, желбите се извор на страдање… Што повеќе посакувате, повеќе страдате. Во оваа куќа јас се родив и живеев првите 10 години со тогаш шест членови на семејството… Верувајте ми, тогаш бев среќен… Затоа уживајте во она што го имате – напиша Топалко во описот на фотографијата.

Неговата искреност и желбата со своите фанови да ја сподели приказната од детството без ни малку срам и глумење, ги трогна луѓето.

Loading...

– Така е, Топе, среќата е во малите работи, а не во вилите, камионите и авионите – е еден од коментарите.

– Бев пред некое време во болница. Лежев поради воспаление на белите дробови. Покрај мене лежеше човек кој е исклучително успешен. Куќи ваму, локали таму, земјиште насекаде… Беше болен од канцер. Има речиси 70 години. Се сврте кон мене, ме погледна и ми рече: „Цел живот создавав и стекнував. Работев како коњ. Наместо сега да уживам, јас на оној свет ќе одам во дрвен капут. Што ќе ми е сега целиот тој капитал…“ Ете, затоа јас вложувам во сеќавања. Животот е многу убав, но и многу краток… и сакам да го проживеам и да уживам. Сѐ друго е имагинарно…- му напиша еден следбениците на социјалните мрежи.

Еве како изгледа скромната куќичка од детството од Топалко:

Пејачот е роден во село Трудово, во куќа на самиот крај од селото. Неговата мајка се породила сама на подот од куќата во која отишла откако добила породилни болки додека работела на нива. Пејачот ова го раскажување искрено во бројните гостувања во телевизиските емисии.

Loading...