Полната Месечина во знакот на Јарецот е на 5 јули: Носи големи промени за овие знаци!

На 5 јули освен затемнување, нѐ очекува и полна Месечина во знакот на Јарецот – природно десетто поле во зодијакот, поле на кариери, професии, репутации, статуси во општеството, деловни и социјални активности..

Затемнувањето на Месечината често создава емоционални проблеми, стравови, грижи, депресија и нервоза неколку дека пред и по овој астролошки феномен.

На 21 јуни беше затемнувањето на Сонцето во Рак, а сега ова затемнување на Месечината е кулминација на тој настан. Доколку пред десетина дена започнавте некоја важна работа, овие денови ќе ги согледате резултатите.

Со оглед на фактот дека и Месечината е полна, емотивните личности лошо ќе се носат со промените.

Во продолжение, еве како затемнувањето ќе влијае на секој знак поединечно:

Loading...

Јарците и Раковите треба да се заштитат од стрес и да избегнуваат конфликти. Ова исто така важи и за Овните и Вагите.

Затемнувањето најдобро ќе им влијае на Биковите и на Девиците, како и на Шкорпиите и на Рибите. Овие четири знаци ќе почувствуваат значително подобрување на сите полиња.

Близнаците непотребно се грижат за парите и за имотот.

Лавовите размислуваат за промена на работното место и се грижат за здравјето.

Стрелците имаат многу трошоци, но ќе имаат и приходи.

Водолиите се оптоварени со многу животни теми, ги мачи и несоница.

Loading...