Познатиот виролог открива дали ќе има втор бран коронавирус во Европа, што ни носи зимата?

Еден од водечките експерти за вирус рече дека Европа треба да се подготви за повеќе жаришта на коронавирус, но дека ќе го избегне „хоророт“ на вториот бран.

Доктор Серџио Брусин од Европскиот центар за превенција и контрола на болестите рече дека „ужаcните сцени“ и сmртните случаи кои ги видовме во првиот бран нема повторно да се случат.

-Зголемувањето на случаите ќе трае неколку месеци, но веројатно никогаш нема да дојдеме до исто ниво како во големиот прв бран пролетта. Иако гледаме дека бројот на хоспитализирани случаи во некои земји се зголемува, ниту приближно не е како на она во март и април, рече Брусин за медиумите.

Тој додаде дека одделенијата за интензивна нега не се толку пренатрупани и здравствените системи сега имаат повеќе време за планирање и реагирање.

– Оптимист сум дека нема да ги видиме ужасните сцени кои ги видовме во март и април, но ќе видиме многу случаи, истакна тој.

Loading...

Овој пат имаме социјална дистанца и можност државите да реагираат на локалните жаришта, поради што, како што рече не мисли, дека повторно ќе има „големо заклучување на земјите во карантин“.

Потврдените случаи на коронавирус се во пораст во 18 земји, од кои повеќето се во Европа.

Моментално Шпанија е најтешко погодено и ја надмина Велика Британија според дневниот број на новозаболени на милион жители.

Земјата бележи пораст од над 7.000 инфекции, а туристичките места како што се Бенидром и Мајорка се појавуваат како главни жаришта.

Франција регистрираше 5.429 нови случаи за 24 часа, нов скок од крајот на блокадата, а ваков број на нови инфекции не е виден од почетокот на април.

Француската влада сака да избегне ново заклучување на државата, иако експертите предупредија дека втор бран може да ги погоди во ноември.

Во меѓувреме, Германија може да ја продолжи забраната на големи собири до крајот на годината, како дел од новите мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Забраната за настани како што се концертите, спортските настани и фестивали треба да истече кон крајот на октомври.

Бројот на нови случаи во Германија е во пораст од почетокот на јули и скокна во последните недели.

Loading...