Предупредување на познат епидемиолог од Харвард: „Ширењето на коронавирусот нема да можеме да го сопреме. Предоцна е за тоа!“

Епидемиологот од Хардвард Марк Липситч во интервју за германскиот магазин Шпигел тврди дека претпоставува дека „ширењето на вирусот не може да се спречи“, па затоа најдобро е да се преземат драстични мерки.

Според него и до 60 % од луѓето би можеле да се заразат од коронавирусот, повикувајќи се на моменталните проценки, и ја одбива критиката дека тоа претставува кревање на паника. „Ако имаме репродуктивен број на заразна болест околу два, што значи едно заразено лице да зарази уште две, што е во склад со моменталните податоци, тоа значи дека најмалку половина од возрасната популација мора да го добие вирусот пред трајно да се сопре неговото ширење.

„Тоа не е некоја невтемелена проценка, тоа е основната математика во епидемиите“ смета Липситч.

На некои места во светот ситуацијата е надвор од контрола

Тој додава дека работата на епидемиологот е да ја земе во предвид и најлошата варијанта на ситуацијата за да се поттикнат надлежните за делување.

Loading...

Липситч истакнува дека еден од проблемите со Ковид-19 е што постојат и асимптоматски заболени, па така вистинската бројка на заболени лица ќе се знае дури откако епидемијата ќе биде завршена.

„Мислам дека вирусот не може да се сопре. Прекасно е за тоа. Во САД и Германија видовме примери на трансмисија на вирусот која не е поврзана со нешто познато. Вирусот веќе се шири локално. Тоа е знак дека во некои подрачја ситуацијата е надвор од контрола“, вели овој епидемиолог и вели дека е ефективно да се стават цели градови во карантин, како што тоа го направи Кина, но и дека сега можеме само да се надеваме да се забави ширењето на вирусот.

Многу е важно да се забави процесот

„Да се забави ширењето е многу важно бидејќи болниците и лекарите имаат свои капацитети кои не сакаме да ги преминеме. Исто така, постојано дознаваме кои лекови делуваат и развиваме нови протоколи на лечење. Но ако морате да бирате, сигурно е дека е подобро вирусот да го добиете за шест месеци, а не денес“ вели тој.

loading...

Кога станува збор за затворање на школите и факултетите, Липситч вели дека не знае дали ова се ефективни мерки бидејќи имаме работа со епидемија во која улогата на децата се уште не е јасна, што досега не било случај.

Тој исто така предупредува дека една од грешките што може да се направи во епидемиологијата е прерано да се тргнат заштитните мерки, по што може да се зголеми бројот на заболени. На прашањето дали коронавирусот долго време ќе биде меѓу луѓето, овој епидемиолог вели дека постои голема можност за тоа. „Можеби ќе имаме долг период без трансмисија на вирусот за година-две затоа што вирусот ќе се рашири и повеќето луѓе ќе станат имуни.“

Липситч ова интервју го даде за „Шпигел“ пред италијанската влада да одлучи цела земја да ја стави во карантин.

Loading...