Руски генетичар открива зошто коронавирусот толку ги погоди Италијанците – една лоша навика драстично го нарушила нивниот имунитет

Тешката епидемиолошка ситуација во Италија поради ширењето на коронавирусот може да биде поврзана со ослабнатиот имунитет на локалното население поради претераната употреба на антибиотици.

Според рускиот генетичар Вадим Поспелов, Италијанците пречесто пијат антибиотици – не само во текот на лекувањето на бактериски инфекции туку дури и кај акутни респираторни вирусни инфекции.

„Популацијата всушност пие зголемени дози на антибиотици, што негативно влијае на стабилноста на имунолошкиот систем”, вели Поспелов.

Тој додал дека антибиотиците негативно влијаат врз цревната микрофлора каде се концетрирани до 70 отсто имуномодулаторни клетки.

Иван Козлов, претседател на Руското научно друштво на имунолози тврди дека со прекумерното земање на антибиотици, “дури и оние најбаналните”, имунолошкиот систем практично се исклучува.

Loading...

„Како резултат на тоа, ослабнатиот имунитет создава услови за инвазија на патогени микроорганизми”, вели Козлов.

Според неговите зборови, голем број луѓе заразени со коронавирус во Италија и високата смртност поради него се “скриена потврда” на слабиот имунитет на жителите на Апенинскиот полуостров. Козлов објаснува дека со текот на годините, телото го намалува бројот на “неодлучни” клетки на имунолошкиот систем кои можат да развијат антитела на нови вируси.

„Со преоѓањето на пациентот во постарото животно доба, се намалува неговата способност за реакција на нови патогени кои нѝ доаѓаат. По 70-та година не се препорачува ни драстично менување на климата и климатските зони – честа антигенска позадина”, вели Козлов.

Loading...