Семејството Трајковски по 10 години живот на село се исели во Германија: Ситуацијата во Македонија само кон полошо одеше

По речиси десет години живот во селото Петралица, кривопаланечко, Снешка Трајковска позната на социјалните мрежи како „Огнените ѕверови на Дамјана“ и нејзиниото семејство, решија дека својот пат ќе го продолжат во Германија.

Од пред два ипол месеци, семејството Трајковски има 5 члена, по Дамјана и Огнен, Снешка и нејзиниот сопруг Мартин му се израдуваа на Филип, кој е роден токму за време на пандемијата. Несекојдневниот избор на Снешка кој го поддржаа многу луѓе на социјалните мрежи, од Скопје да се пресели на село, па потоа во германското градче Моерс, таа низ интересна приказна го раскажа за Женски магазин.

„ На село се преселивме во февруари 2010. Уште пред да се преселиме на село, станот во Скопје ни беше само местото каде што ни стојат предметите. Дома не се прибиравме.

Или бевме на планина, по села низ Македонија фотографиравме, на кеј со точаци или на Водно со точаци. Прва голема одлука беше преселбата на село. Баравме куќа во околината на Скопје, да не сме на бетон. Но се’ беше прескапо, и плацеви и куќи…

Loading...

Седевме во Скопје на кеј кај Камени кога Мартин ме праша:

– А мора ли во Скопје да е? – Ама баш ич не мора.

И така, сите шетања што ги правевме се претворија во потрага по село за живеење“, раскажа Снешка за одлуката да остават сè во Скопје и да заминат во Петралица.

„Станот во Скопје го дадовме под кирија, за да ни биде животот на село покомотен. Голем дел од храната ја произведувавме сами, па трошоците ни беа минимални. Ние храната ја произведувавме од мерак за домашно, чисто и традиционално. Многу ни значеше да ја зачуваме традицијата“, раскажа Снешка за животот на село.

Таа вели дека е тешко да одговори зошто е поубаво на село или зошто е поубаво во град. Според неа, се’ си има плусеви и минуси.

„ Кому како му е поубаво. Нас не’ влече природа и планина, не бетон, па селото ни беше вистински избор. Во однос на селските работи не знаевме ништо. Се советувавме со комшиите на село, учевме од интернет и со тек на време си совладавме се’ што ни требаше“, додава Снешка.

Иако на село, таа и нејзиното семејство се повлекле за помирен живот, се решиле на нов чекор, преселба во Германија.

„Ситуацијата во Македонија не стануваше подобра, не остануваше ни иста, само кон полошо одеше. Меѓу последните работи кои не’ турнаа да побрзаме со селење беше загадениот воздух. Ни нашето село веќе немаше да остане чисто.

Во германија Мартин дојде во ноември 2019, а јас, Дамјана, оги и мешето дојдовме во декември, точно еден месец по Мартин. Нашето градче се вика Моерс. Јас го нарекувам градче, но не е налик на ниту еден град во Македонија за да можам да споредам. Има 100.000 жители и се наоѓа во близина на поголемите градови Дуизбург и Дизелдорф.

Градчето има големи широки улици, велосипедски патеки, спорстки центар, лизгалиште, хокеј клуб и тренинзи, часови по уметничко лизгање, голем парк со езерца, детски игралишта, многу различни и големи маркети.. Едноставно си има се’, а најважно нема галама и индустија. Мирно место е.

Во градот има многу стари куќи, архитектурата му е бајка. Сите куќи се убаво сочувани и реновирани, обоени во различни бои. Кога одам по улица, како на сон, џиџано, бајковито и романтично“, раскажува Снешка за новиот живот во Германија.

Целата сторија проследете ја на Женски Магазин.мк

Loading...