Сергеј Варошлија со емотивна роденденска честитка до Боки 13

Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да не може да ја прими искрената честитка… вака на својот Фејсбук профил познатиот ТВ водител Сергеј Варошлија му честиташе роденден на Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинетиот во случајот „Рекет“ кој во моментот се наоѓа во притвор.

– Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство, пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои и јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака!

Еден од ретките кои искрено се грижеше, бореше и интересираше за сите, а „сите“ наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше „што, како, зашто…“ заслепени од тие „прашања“ не можеа да ја видат неговата суштина и човечност пред сѐ! Но не за џабе викаат „човек на човек му е огледало”!
Среќен роденден драг мој Бојан! И како вика онаа народната „се проаѓа“ битно да си ми жив и здрав!

П.С Благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија- пишаа во овој период, вие знаете кои сте!“, напиша Варошлија.

Da sakas na drugar da mu cestitas rodenden a toj da nemoze da ja primi iskrenata cestitka … Mozete da go narekuvate…

Публикувахте от Sergej Varoshlija в Понеделник, 19 август 2019 г.